свет

ЕУ го повика Иран да се придржува кон Договорот за нуклеарна програма

„Го повикуваме Иран да ги повлече чекорите и да се врати на целоснo почитување (на Договорот). Сакам да бидам јасна за тоа: сакаме да го видиме Иран да се врати кон целосно почитување...“

Diyar Güldoğan  | 16.07.2019 - Обновена : 17.07.2019
ЕУ го повика Иран да се придржува кон Договорот за нуклеарна програма

АНКАРА (АА) - Високата комесарка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, го повика Иран целосно да се придржува кон Договорот за нуклеарна програма од 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).

„Го повикуваме Иран да ги повлече чекорите и да се врати на целоснo почитување (на Договорот). Сакам да бидам јасна за тоа: сакаме да го видиме Иран да се врати кон целосно почитување, како што беше овие години“, изјави Могерини на вчерашниот состанок на Советот за надворешни работи во Брисел.

Таа изјави дека Договорот го спречил Иран од развивање на нуклеарно оружје, додавајќи: „Тој беше ефективен и мислам дека сите го признаваат тоа, дека денес не постои алтернатива на тој договор.“

Могерини исто така изјави дека е важно да се одржи мирна состојбата во регионот и да се избегне каква било ескалација која може да ја загрози безбедноста на ЕУ.

Во рамките на Заедничкиот сеопфатен договор (JCPOA), потпишан од Велика Британија, САД, Русија, Кина, Франција, Германија и ЕУ, Иран се согласи да ја уништи својата залиха на средно збогатен ураниум и да ја намали својата залиха на ниско збогатен ураниум за 98%.

Сепак, Иран во последно време потврди дека ја прекршил границата од 3,67 отсто за збогатување на ураниумот утврдена со Договорот за нуклеарна програма во 2015 година.

Во октомри 2017 година, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон повеќе нема да биде дел од Договорот и се повлече од него. Набргу потоа, САД наметнаа санкции врз Иран.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.