ЕУ ги обнови санкциите кон Северна Кореја поради нуклеарните активности
„Наведените поединци и ентитети се санкционирани поради придонес во програмите на ДНРК поврзани со нуклеарното оружје, балистичките ракети или други програми поврзани со оружјето за масовно уништување или избегнување на санкциите“

АНКАРА (АА) - Советот на ЕУ ги обнови санкциите кон Северна Кореја како одговор на нејзините активности за развој на нуклеарно оружје и балистички ракети, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Советот повторно ја разгледа листата на оние кои се предмет на рестриктивните мерки во рамките на режимот на санкции против Демократска Народна Република Кореја (DPRK)“, се соопштува од Советот.
„Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на средствата за наведените лица и субјекти“, се нагласува.
„Наведените поединци и ентитети се санкционирани поради придонес во програмите на ДНРК поврзани со нуклеарното оружје, балистичките ракети или други програми поврзани со оружјето за масовно уништување или избегнување на санкциите“, се додава во соопштението.
ЕУ првпат ги претстави рестриктивнитие мерки против Северна Кореја во декемри 2006 година.
Според соопштението, вкупно 57 лица се предмет на санкциите на ЕУ.
ЕУ ги замрзна средствата на девет ентитети како дел од сопствениот режим на санкции.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.