свет

Емпаер стејт билдинг во Њујорк е осветлен во црвено-бели бои за жртвите од земјотресот

- Историската зграда е осветлена во црвено-бели бои во знак на сеќавање на оние кои ги загубија животите во катастрофалните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари, но и во знак на поддршка на преживеаните

Mücahit Oktay  | 07.03.2023 - Обновена : 09.03.2023
Емпаер стејт билдинг во Њујорк е осветлен во црвено-бели бои за жртвите од земјотресот Фото: Селчук Аџар / АА

ЊУЈОРК (АА) - Емпаер стејт билдинг, познатиот облакодер во Њујорк, осветлен е во боите на турското знаме во знак на солидарност со жртвите на земјотресот што во почетокот на февруари ги потресе јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Историската зграда е осветлена во црвено-бели бои во знак на сеќавање на оние кои ги загубија животите во катастрофалните земјотреси што ја потресоа Туркије на 6 февруари, но и во знак на поддршка на преживеаните.

„Емпаер стејт билдинг свети во црвено-белите бои како поддршка на жртвите од трагичниот земјотрес што се случи на 6 февруари“, објави на Твитер Управата на зградата.

Земјотресите со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер со епицентар во турската област Кахраманмараш, на 6 февруари потресоа 11 турски области, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг, со популација од околу 13,5 милиони.

Во катастрофалните земјотреси животот го загубија 45.968 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.