Mustafa Melih Ahıshalı
05 Август 2025•Ажурирај: 06 Август 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,4 степени ја потресе покраината Керман во јужен Иран, известува Анадолу.
Центарот за сеизмологија на Универзитетот во Техеран објави дека земјотрес со јачина од 5,4 степени, чиј епицентар бил во градот Зехкелут, во покраината Керман, е регистриран во 8:36 часот по локално време.
Земјотресот се случил на длабочина од 28 километри. Засега нема информации дека има жртви од потресот.