свет

Едно лице загина, десетици се повредени во уште една железничка несреќа во Шпанија

Возот излетал од шините откако удрил во потпорен ѕид што паднал на шините поради обилните дождови во близина на Барселона

Burak Bir  | 21.01.2026 - Обновена : 21.01.2026
Едно лице загина, десетици се повредени во уште една железничка несреќа во Шпанија

ЛОНДОН (АА) - Едно лице загина, а десетици други се повредени во железничка несреќа што се случи во близина на Барселона, два дена по смртоносната железничка несреќа во јужна Шпанија, пренесува Анадолу.

Возот излетал од шините откако удрил во потпорен ѕид што паднал на шините поради обилните дождови во близина на Барселона, објави шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на властите.

Во несреќата загина машиновозачот, 28-годишен маж од Севиља, а 37 лица беа повредени, од кои пет се во тешка состојба.

Ова е втора железничка несреќа во Шпанија за два дена, откако 42 лица загинаа во судир на брзи возови во близина на Адамуз, во јужната покраина Кордоба, во неделата.

Каталонската Влада соопшти дека приградската железница Родалиес ќе биде суспендирана „сè додека извештаите не потврдат дека целата мрежа е безбедна“.

Во меѓувреме, продолжуваат напорите за пребарување и спасување за пронаоѓање на повеќе од 40 исчезнати патници во судирот на брзите возови.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во понеделникот прогласи тридневна жалост по смртоносната несреќа, во која загинаа најмалку 42 лица, а Комитетот за истрага на железнички несреќи, според наводите, започнал истрага.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.