Деветмина Палестинци убиени во новите израелски напади врз градот Газа и Кан Јунис
Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна во Газа, каде што од октомври 2023 година уби речиси 61.500 Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Уште најмалку деветмина Палестинци се убиени од израелската армија во северниот и јужниот дел на Појасот Газа денес, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Според медицински извори од медицинскиот комплекс „Насер“, пет тела се пренесени во болницата заедно со неколку повредени лица по израелскиот напад извршен врз шатор во кој се засолниле раселени цивили во Ал-Маваси, Кан Јунис, објави државната новинска агенција ВАФА.
Уште четири лица ги загубија животите, а неколкумина се повредени во израелскиот напад врз куќа во населбата Зејтун, во југоисточниот дел на градот Газа, соопштија медицински лица од баптистичката болница „Ал-Ахли“.
Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна во Газа, каде што од октомври 2023 година уби речиси 61.500 Палестинци.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.