свет

Данска потпиша договор за купување систем за противвоздушна одбрана вреден 580 милиони долари

- „Со ова купување Данска значително ќе ги подобри оперативните капацитети на земјата и способноста за ефикасно справување со современите воздушни закани...“

Necva Taştan Sevinç  | 27.11.2025 - Обновена : 27.11.2025
Данска потпиша договор за купување систем за противвоздушна одбрана вреден 580 милиони долари

ИСТАНБУЛ (АА) - Данска потпиша договор од 500 милиони евра со „Конгсберг Дифенс енд Аероспејс“ за купување на системот за противвоздушна одбрана НАСАМС (NASAMS), објави денес норвешката компанија, пренесува Анадолу.

Со договорот Копенхаген ќе го добие она што „Конгсберг“ го нарече „најмодерен и најнапреден систем за противвоздушна одбрана во светот“, соопшти компанијата.

Ерик Ли, челникот на „Конгсберг“, рече дека купувањето претставува значаен чекор напред за данската национална безбедност.

„Со ова купување Данска значително ќе ги подобри оперативните капацитети на земјата и способноста за ефикасно справување со современите воздушни закани, а дополнително ќе го зајакне целокупното присуство на воздушната одбрана НАСАМС во нордискиот регион“, рече тој.

Пакетот НАСАМС ги комбинира радарите и варијантите на ракетите „Рејтеон“ со дистрибуциски центар на испалување на „Конгсберг“ и повеќеракетни лансери.

Модуларниот систем со отворена архитектура им овозможува на операторите да интегрираат нови технологии и да ги прошират можностите со текот на времето.

НАСАМС може да распореди микс од пресретнувачи, вклучително и АМРААМ, потоа АМРААМ-ЕР со проширен дострел и АИМ-9Х Сајдвиндер, овозможувајќи противвоздушна одбрана и со среден и со краток дострел.

Од „Конгсберг“ истакнаа дека флексибилноста на НАСАМС му дава „потенцијал за раст“ кон мисии за противвоздушна одбрана со подолг дострел, па дури и способност за антитактички балистички ракети како дел од пошироката архитектура на НАСАМС.

Со оваа најнова набавка Данска станува 14. земја корисник на НАСАМС и осма во рамките на НАТО, дополнително проширувајќи го присуството на системот низ Европа и Северна Америка.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.