свет

Голема можноста САД да ја поканат Русија на следниот самит на Г-7

Трамп пред новинарите во францускиот град Бијариц изјави дека е „сигурно можно“ тој да го покани Владимир Путин на следниот самит што ќе се одржи во САД

Diyar Güldoğan   | 25.08.2019
Голема можноста САД да ја поканат Русија на следниот самит на Г-7

АНКАРА (АА) - Можно е Соединетите Американски Држави (САД) да го поканат рускиот претседател како гостин на самитот на Г7 следната година, истакна денес американскиот претседател, Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).

Трамп пред новинарите во францускиот град Бијариц изјави дека е „сигурно можно“ тој да го покани Владимир Путин на следниот самит што ќе се одржи во САД, пренесува Блумберг.

Веднаш по изјавата на Трамп, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека Русија ќе ја разгледа поканата ако ѝ биде упатена. 

Европската Унија (ЕУ) во саботата јасно стави до знаење дека под ниеден услов нема да се согласи за враќање на Русија во групата Г8. Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, рече дека причините зошто Русија беше отстранета во 2014 година, се сè уште валидни.

Русија беше суспендирана од групата Г8 во 2014 година, поради нејзината анексија на Крим, како и нејзината политичка и воена поддршка за сепаратистите во источна Украина.

Овогодишниот самит на Г7 ги собра лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Велика Британија во Бијариц, каде што се водат разговори за справување со нееднаквоста, економските, еколошките и прашањата за надворешната политика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın