свет

Глобалната флотила „Сумуд“ повторно ќе тргне кон Газа од Барселона на 29 март

Во оваа мисија ќе учествуваат илјадници луѓе, вклучително и повеќе од илјада лекари, медицински сестри и здравствени работници

Nur Asena Ertürk  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
Глобалната флотила „Сумуд“ повторно ќе тргне кон Газа од Барселона на 29 март

АНКАРА (АА) – Глобалната хуманитарна флотила „Сумуд“ повторно ќе исплови кон Појасот Газа од Барселона на 29 март, овој пат со уште поголемо меѓународно учество, беше соопштено денес, јавува Анадолу.

„Поаѓањето ќе биде од местото на првичното историско тргнување од Барселона, по што ќе следуваат пристаништата во Тунис, Италија и други медитерански градови. Овој пат ќе испловиме на 29 март“, изјави активистката на флотилата „Сумуд“, Сумејра Акдениз Орду, на прес-конференцијата во Јоханесбург, Јужноафриканска Република, која се пренесуваше во живо.

Таа истакна дека во оваа мисија ќе учествуваат илјадници луѓе, меѓу кои повеќе од илјада лекари, медицински сестри и здравствени работници.

„Со нас ќе патуваат и истражители на воени злосторства, што е разлика во однос на претходната мисија“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.