Во руралните делови на Австралија избувнаа рекорден број пожари
Голем дел од пожарите избувнаа во северните делови од сојузната држава и во појасот на северниот брег, а силниот ветар и температурите од 35 степени ги распламтија пожарите

АНКАРА (АА) - Во руралните делови на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс избувнаа досега рекорден број на пожари, пренеусва Anadolu Agency (AA).
Според вестите објавени во австралиските медиуми, во руралните делови на Нов Јужен Велс избувнаа 85 пожари, од кои 15 се на ниво на итна состојба, при што голем број лица останаа заробени во своите домови.
Голем дел од пожарите избувнале во северните делови од сојузната држава и во појасот на северниот брег, а силниот ветар и температурите од 35 степени ги распламтиле пожарите.
Шејн Фицсимонс, шеф на руралната противпожарна служба, изјави дека досега бил сведок на пожари во кои 6 до 8 од нив биле на ниво на итна состојба, додавајќи дека моменталната состојба е досега невидена, потенцирајќи: „Многу опасни, променливи и динамички се ситуациите со кои се соочуваме.“
За спасување на лицата блокирани во местата на пожарите ангажирани се 70 авиони и над 1.000 пожарникари.
Од лицата кои сè уште се наоѓаат во опожарените подрајча се бара да пронајдат места во кои би се заштитиле.
Во меѓувреме, во руралните делови на австралиската сојузна држава Квинсленд, пожарникарите се борат со над 50 пожари.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.