Виткоф: САД, Европа и Украина разговараа за следните чекори за ставање крај на војната во Украина
„Се фокусиравме на тоа како да ги продолжиме дискусиите на практичен начин во име на мировниот процес на претседателот на САД...“
ВАШИНГТОН (АА) - Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД), Стив Виткоф, денес изјави дека американските претставници имале „продуктивен разговор“ со европските советници за национална безбедност и главниот преговарач на Украина за следните чекори во напорите за ставање крај на војната во Украина, јавува Анадолу.
Виткоф рече дека им се придружил на државниот секретар Марко Рубио и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп, во разговорите со Џонатан Пауел од Велика Британија, Емануел Бон од Франција, Гинтер Заутер од Германија и Рустем Умеров од Украина.
„Се фокусиравме на тоа како да ги продолжиме дискусиите на практичен начин во име на мировниот процес на претседателот на САД, вклучително и зајакнување на безбедносните гаранции и развој на ефикасни механизми за деконфликција за да се помогне во ставањето крај на војната и да се осигури дека нема истата повторнода започне“, истакна Виткоф преку американската компанија за социјални медиуми X.
Тој, исто така, рече дека размениле мислења за пакетот за просперитет за Украина, заедничка Мапа на патот за економски развој и обнова на земјата.
„Беа дискутирани многу дополнителни детали и ќе ја продолжиме оваа важна работа и координација во новата година“, додаде Виткоф.
Во неделата, Трамп и украинскиот претседател Владимир Зеленски се сретнаа во американската држава Флорида на разговори за тековната руско-украинска војна. Трамп ја опиша средбата како „прекрасна“, велејќи дека останале малку спорни точки на патот кон мировен договор.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
