Dzihat Aliju
30 Декември 2025•Ажурирај: 31 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Потпишан е Договор за заем меѓу Железници на Република Северна Македонија Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра за набавка на електрични локомотиви, јавува Анадолу.
Со средствата ќе се набават електрични локомотиви со резервни делови, со цел зголемување на транспортот на стоки и генерирање приходи за претпријатието.
На церемонијата на потпишување на договорот, која се одржа во Владата, присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, шефот на Канцеларијата на ЕБОР, Фатих Туркменоглу и директорот на Железници транспорт, Дејан Кошутиќ.
Мицкоски кажа дека целта на оваа набавка е да се зголемат бројот на локомотиви и капацитетот за транспорт на стоки.
Николоски, информирајќи дека со овој заем ќе се набават најмалку пет нови електрични локомотиви, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго-транспортот.
Министерката Димитриеска-Кочоска нагласи дека договорот е резултат на интензивни и конструктивни преговори и претставува потврда за довербата што меѓународните финансиски институции ја имаат во државата.
Според Туркменоглу, договорот е витална инвестиција што ќе ја поддржи обновата на железничката флота управувана од македонската железничка транспортна компанија.
Директорот Кошутиќ кажа дека денешниот настан е значаен чекор за железничкиот сектор и за развојот на транспортната инфраструктура во земјата.