Ирак: Коалицијата предводена од САД ќе се повлече од базата Аин ал-Асад следната недела
Генерал-потполковник Каис ал-Мохамади, заменик-командант на Заедничката оперативна команда, на прес-конференција во Багдад изјави дека повлекувањето ќе вклучува целосно предавање на базата на ирачките сили
Истанбул
ИСТАНБУЛ (АА) – Заедничката оперативна команда на Ирак денес соопшти дека силите на Меѓународната коалиција за борба против ДЕАШ целосно ќе се повлечат од Воздухопловната база „Аин ал-Асад“ во западната покраина Анбар следната недела, што е чекор кон прекинување на военото присуство на Коалицијата предводена од САД во земјата, јавува Анадолу.
Генерал-потполковник Каис ал-Мохамади, заменик-командант на Заедничката оперативна команда, на прес-конференција во Багдад изјави дека повлекувањето ќе вклучува целосно предавање на базата на ирачките сили.
„Аин ал-Асад ќе биде целосно испразнета следната недела и ќе биде предадена на нашите ирачки единици“, рече Мохамади.
„Постои агенда за завршување на сите овие чекори. Ова е достигнување поврзано со ирачките капацитети и со ирачкиот суверенитет, а исто така го одразува разбирањето со Соединетите Американски Држави и земјите од Коалицијата за префрлање на мисијата со билатерални меморандуми.“
„Идната рамка ќе се фокусира на размена на експертиза, разузнавачки информации, обука и опрема на начин што ќе го обезбеди суверенитетот и независноста на Ирак и ќе го поддржи развојот на неговите безбедносни сили“, додаде тој.
САД моментално имаат околу 2.500 војници во Ирак. Коалицијата, која вклучува земји како Франција и Шпанија, беше формирана во 2014 година за борба против ДЕАШ, која некогаш контролираше големи области во Ирак и Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
