Висок претставник на Бахреин во прва официјална посета на Израел по нормализацијата на односите
Делегацијата треба да разговара за економските можности, како и за билатералните договори и за напорите насочени кон постигнување на заедничките интереси

АНКАРА (АА) - Бахреинскиот министер за надворешни работи, Абдулатиф ал Зајан, допатува денеска во главниот град на Израел во прва официјална посета на земјата откако Манама воспостави дипломатски односи со Тел Авив во септември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Ерусалим пост“ (Jerusalem Post), Ал Зајани пристигнал со првиот комерцијален лет кон главниот град на Израел со бахреинскиот авиопревозник „Галф ер“ (Gulf Air), а двете страни сакаат да ја прошират соработката по договорот за воспоставување официјални односи со посредство на САД.
Во понеделникот, новинската агенција на Бахреин (БНА) соопшти дека висока делегација предводена од Ал Зајани в среда ќе отпатува за Тел Авив.
Делегацијата треба да разговара за економските можности, како и за билатералните договори и за напорите насочени кон постигнување на заедничките интереси.
На 15 септември, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се согласија за воспоставување целосни дипломатски, културни и трговски односи со Израел по потпишувањето на контроверзните договори во Белата куќа.
Договорите беа осудени од Палестинците, кои потсетуваат дека договорите ги игнорираат нивните права и не одат во корист на палестинската кауза.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.