Ahmet Gençtürk
16 април 2024•Ажурирај: 19 април 2024
АНКАРА (АА) - Британската нискотарифна авиокомпанија „изиЏет“ денес објави дека ги прекинува летовите кон Израел до 27 октомври, известува Анадолу.
„Поради развојот на настаните во Израел, „изиЏет“ одлучи да ги прекине летовите за Тел Авив во текот на летната сезона“, соопшти портпаролот на компанијата за медиумите.
Од компанијата во неделата соопштија дека ќе ги прекинат летовите кон Израел од вторник.
По иранскиот напад на Израел, неколку авиокомпании одлучија привремено да ги запрат летовите за Иран од безбедносни причини.
Иран во саботата го нападна Израел поради нападот што израелските сили го изведоа врз иранскиот Конзулат во Дамаск.