Бразил: Во авионската несреќа во Сао Пауло загинаа сите 62 патници
Летот при падот изгубил приближно 4.000 метри височина за време од околу една минута

МЕКСИКО СИТИ (АА) - Сите патници и членови на екипажот на комерцијалниот патнички авион кој превезуваше 62 лица загинаа синоќа во авионска несреќа во бразилската држава Сао Пауло, објавија локалните власти, пренесува Анадолу.
Вкупно 58 патници и четворица членови на екипажот загинаа во несреќата, а авионот „Воепас“, лет 2283, падна близу куќа во Винхедо, северозападно од главниот град на државата, соопшти Осмир Круз, секретар за безбедност на градот. Никој на земја не е повреден, додаде Круз.
Авионот АТР-72-500 со капацитет од 68 лица, се урна во населбата Капела околу 13:28 часот по локално време, објавија локалните медиуми.
Тргнал од градот Каскавел, во државата Парана, и летал североисточно за Меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Пауло.
Извештаите од платформата за следење на авиони „Флајтрадар“ (Flightradar) покажаа дека летот изгубил приближно 4.000 метри височина за време од околу една минута.
Болниците во Винхедо и во соседниот град Валињос се мобилизирани за третирање на евентуалните повредени, а на местото на настанот пристигнаа противпожарни служби, воена полиција и единици за цивилна заштита.
На настан, претседателот Луис Инасио Лула да Силва повика на едноминутно молчење откако дозна за загинувањето на 62-те лица во Сао Пауло.
„Многу тажни вести. Сета моја солидарност со семејствата и пријателите на жртвите“, рече Лула во видео споделено на X.
Бразилската авиокомпанија „Воепас Линхас Аереас“ издаде соопштение со поддршка на властите вклучени во згрижување на повредените и рече дека причината за инцидентот е непозната.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.