Saadet Gökce
12 Јуни 2025•Ажурирај: 13 Јуни 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Се верува дека Најмалку едно лице го преживеа падот на авионот на „Ер Индија“ во западна Индија со кој летаа 242 патници и членови на екипажот, јавува Анадолу.
Преживеаниот патник, Вишвашкумар Рамеш, бил пронајден на седиштето 11А, објавија медиумите, повикувајќи се на полициски извори.
Најмалку пет студенти загинаа, а неколку беа повредени кога авионот се урнал врз студентски дом на медицински колеџ, а полицијата во Ахмедабад потврди дека 50 лица се повредени во околината.
Очевидците изјави дека во времето на несреќата, неколку луѓе биле во домот, додека повеќето од собите за персоналот биле празни, бидејќи луѓето биле на ручек.
Авионот на летот „AI171“ на „Ер Индија“, со 242 патници и членови на екипажот, се урна во населената област Меганинагар кратко по полетувањето од Меѓународниот аеродром „Сардар Валабхаи Пател“ во западната индиска сојузна држава Гуџарат, според Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Индија.
Авиокомпанијата соопшти дека 169 од патниците на авионот биле индиски државјани, 53 државјани на Велика Британија, седум од Португалија и еден од Канада, покрај двајцата пилоти и 10 членови на кабинскиот екипаж.