свет

Американски војник се запали пред израелската амбасада во Вашингтон поради нападите врз Газа

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцид. Ќе се впуштам во екстремен чин на протест, но во споредба со тоа што го доживуваат луѓето во Палестина од страна на колонизаторите, ова воопшто не е екстремно.“

Esra Tekin  | 26.02.2024 - Обновена : 26.02.2024
Американски војник се запали пред израелската амбасада во Вашингтон поради нападите врз Газа

ВАШИНГТОН (АА) - Активен припадник на американското воено воздухопловство се самозапали вчера пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа, јавија голем број американски медиуми, пренесува Анадолу.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцид. Ќе се впуштам во екстремен чин на протест, но во споредба со тоа што го доживуваат луѓето во Палестина од страна на колонизаторите, ова воопшто не е екстремно. Тоа е она што нашата владејачка елита одлучи дека ќе биде нормално“, рече 25-годишниот Арон Бушнел пред да се самозапали.

Снимката на која се прикажува неговиот протест и моментот кога Бушнел се запали стана вирална.

Пожарот бил изгаснат од персоналот на тајната служба, а Бушнел е пренесен во болница со „критични повреди опасни по живот“, соопштија пожарникарскиот и одделот за итна медицинска помош во Вашингтон.

Според информациите што Анадолу ги доби од претставници на противпожарната и итната служба во Вашингтон, дојавата за инцидентот пристигнала во противпожарната служба околу 13 часот по локално време.

Во извештајот се наведува дека возрасен маж се самозапалил пред израелската амбасада во Вашингтон.

„По пристигнувањето на местото на настанот видовме дека пожарот го изгаснале униформирани припадници на тајната служба“, рече неименуваниот претставник.

Повеќе извештаи велат дека мажот извикал „Слободна Палестина“ пред да се самозапали.

Весникот „Вашингтон пост“ објави дека портпаролката на Воздухопловните сили Роуз М. Рајли потврдила дека станува збор за активен припадник на воздухопловството.

Во видеоснимката емитувана на платформата Твич во живо, која подоцна е отстранета, Бушнел вели дека „повеќе нема да биде соучесник во геноцид“, во врска со израелските убиства во Газа.

Локалните власти објавија дека во тек е истрагата за овој случај.

Во декември 2023 година едно лице се самозапали пред израелскиот конзулат во Атланта, САД, во знак на протест против Израел поради нападите врз Појасот Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın