Стотици Израелци протестираа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа
- Израелската Армија започна брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во којашто загинаа над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца

СКОПЈЕ (АА) - Стотици Израелци се собраа вечерва на плоштадот Рабин во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците што ги држи Хамас, јавува Анадолу.
Израелската Армија започна брутална офанзива врз Газа од октомври 2023 година, во којашто загинаа над 56.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца.
Израел тврди дека нападите имаат за цел да вратат околу 50 заложници што ги држи Хамас во Газа и да биде расформирана палестинската група на отпорот.
Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за својата војна против енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.