свет

Американскиот секретар за финансии: САД би можеле да ги укинат санкциите за иранската нафта во танкерите на море

„Во наредните денови можеби ќе ги укинеме санкциите за иранската нафта што е на вода. Се работи за околу 140 милиони барели“

Diyar Güldoğan  | 19.03.2026 - Обновена : 19.03.2026
Американскиот секретар за финансии: САД би можеле да ги укинат санкциите за иранската нафта во танкерите на море

Соединетите Американски Држави (САД) наскоро би можеле да ги укинат санкциите за иранската нафта што се наоѓа во танкерите на море за да го зголемат глобалното снабдување и да помогнат во намалувањето на цените, изјави денес секретарот за финансии Скот Бесент, јавува Анадолу.

„Во наредните денови можеби ќе ги укинеме санкциите за иранската нафта што е на вода. Се работи за околу 140 милиони барели“, изјави Бесент за „Фокс њуз“.

„Значи, во зависност од тоа како броите, тоа е снабдување за период од 10 дена до две недели“, додаде тој.

Бесент истакна дека САД ќе ги користат иранските барели против Иранците за да ја задржат ниската цена во следните 10 или 14 дена, додека „трае оваа кампања“.

Регионалните тензии се зголемени откако Израел и САД на 28 февруари започнаа заедничка офанзива во Иран, при што досега се убиени околу 1.300 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штета на инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın