Балкан

Во Северна Македонија се одржа церемонија по повод 111-годишнината од Победата кај Чанаккале

„Оваа победа, постигната со извонредните жртви на херојските синови на нашиот народ, и покрај недостатоците и невозможностите, ѝ даде инспирација на нашата национална борба и стана многу важна пресвртница на патот кон основањето на Република Турција“

Dzihat Aliju  | 18.03.2026 - Обновена : 18.03.2026
Во Северна Македонија се одржа церемонија по повод 111-годишнината од Победата кај Чанаккале Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денес се одржа церемонија по повод 18 Март, Денот на сеќавање на загинатите херои и 111-годишнината од Победата кај Чанаккале, јавува Анадолу.

На церемонијата одржана во просториите на Амбасадата на Турција во Северна Македонија, под покровителство на турскиот амбасадор во Скопје, Фатих Улусој, присуствуваа вработени во Амбасадата, како и претставници на турските институции и организации во земјата.

Церемонијата започна со едноминутно молчење и со интонирање на турската национална химна.

Воениот аташе на Амбасадата во Скопје, полковник Реџаи Јилмаз, во своето обраќање потсети дека денес се одбележува годишнината од една епска победа, кога на 18 март 1915 година славната турска Армија му покажа на целиот свет дека Чанаккале е непрооден.

Нагласувајќи го значењето на овој ден, Јилмаз рече: „Оваа победа, постигната со извонредните жртви на херојските синови на нашиот народ, и покрај недостатоците и невозможностите, ѝ даде инспирација на нашата национална борба и стана многу важна пресвртница на патот кон основањето на Република Турција“.

Јилмаз додаде дека нивото што Турција го достигнала денес е резултат на шехидите и херојските ветерани кои загинале во Чанаккале, во Војната за независност, во Кореја, во Кипар, во борбата против тероризмот и во прекуграничните операции.

По обраќањата, советникот за верски служби при Амбасадата на Турција во Скопје, Мустафа Бодур, одржа молитва за загинатите херои.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.