свет

Администрацијата на Трамп го продолжи рокот за продажба на кинеската апликација „ТикТок“

Министерството за финансии соопшти дека Комитетот за странски инвестиции ѝ одобрил на кинеската компанија „БајтДенс“, која е сопственик на апликацијата „ТикТок“, продолжување на рокот за уште седум дена за продажба на апликацијата

Övünç Kutlu   | 26.11.2020
Администрацијата на Трамп го продолжи рокот за продажба на кинеската апликација „ТикТок“

АНКАРА (АА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи рокот за продажба на кинеската апликација за споделување видеоснимки „ТикТок“ до 4 декември, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за финансии соопшти дека Комитетот за странски инвестиции ѝ одобрил на кинеската компанија „БајтДенс“, која е сопственик на апликацијата „ТикТок“, продолжување на рокот за уште седум дена за продажба на апликацијата.

„БајтДенс“ на 11 ноември поднесе жалба за прогласување на налогот за продажба на Трамп за незаконски и негово поништување.

Апликацијата „ТикТок“ на 18 септември беше забранета во американските продавници за апликации, откако Трамп во август нареди кинеската компанија „БајтДенс“ да ги продаде своите американски средства на американските купувачи, вклучувајќи ја и апликацијата „ТикТок“.

Претседателот во септември издаде прелиминарно одобрување за „ТикТок“ да биде продадена на американската софтверска компанија „Оракл“.

Трамп тврди дека „ТикТок“ претставува закана за националната безбедност на САД, поради споделување на информациите на американските корисници со кинеската Влада. Но, „БајтДенс“ ги негира овие обвинувања, нагласувајќи дека нејзините податоци за корисниците се чуваат надвор од Кина и велејќи дека се посветени на заштита на приватноста и безбедноста на корисниците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın