свет

САД: Продолжуваат студентските протести против израелските напади врз Газа

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш, во енклавата загинаа повеќе од 34.300 Палестинци, а речиси 77.300 се повредени.

Gorana Jakovljevic  | 27.04.2024 - Обновена : 28.04.2024
САД: Продолжуваат студентските протести против израелските напади врз Газа Фото: Celal Güneş/АА

ЊУЈОРК (АА) - Протестите за поддршка на Газа, кои започнаа пред повеќе од десет дена на Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави (САД) и се проширија на многу универзитети низ светот, продолжуваат, а студентите поставија бројни кампови барајќи прекин на израелските напади, јавува Анадолу.

Студентите од Технолошкиот институт за технологија (FIT) поставија шаторски камп во музејот во Гудман центарот на ФИТ во Њујорк.

Протестите ги продолжуваат и студентите од Универзитетот Њујорк, додека студентите на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија поставија камп во областа на подрачјето на паркот Вајт Плаза.

Во протестите против израелските напади врз Газа се вклучија и струдентите од Универзитетот на Централна Флорида во кампусот во Орландо.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш, во енклавата загинаа повеќе од 34.300 Палестинци, а речиси 77.300 се повредени.

Израелската офанзива принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.