ВАШИНГТОН/АНКАРА (АА) - Трамп даде изјави за телевизискиот канал „Фокс њуз“ пред рагби-натпреварот Супер Боул, финалето на Американската фудбалска лига (НФЛ).
Претседателот Трамп во изјавата истакна: „Мислам дека би било многу подобро Канада да биде 51-та држава бидејќи губиме 200 милијарди долари годишно со Канада. И нема да дозволам да се случи тоа. Зошто ѝ плаќаме 200 милијарди долари годишно субвенции на Канада?"
Покрај тоа, Трамп рече и дека не видел доволно акција од страна на Канада и Мексико за блокирање на царините.
„Не, ова не е доволно добро. Нешто мора да се случи. Ова не е одржливо. И јас го менувам тоа“, рече Трамп.
Запрашан за одлуката на судот да го блокира Одделот за владина ефикасност (DOGE), на чело со Илон Маск, да пристапи до досиејата на Министерството за финансии, Трамп рече дека 100 % не се согласува со одлуката и ја опиша како „луда“.
„Мораме да го решиме проблемот со ефикасноста. Мораме да ја решиме измамата, трошењето, злоупотребата, да откриеме сè што се случува во Владата“, рече Трамп.
Запрашан дали му верува на Маск, Трамп го опиша како „прекрасен“ и додаде: „Тој ништо не добива. Всушност ме интересира како успева да одвои време за ова“.
„Многу скоро, можеби во рок од 24 часа, ќе му кажам да оди да го провери Министерството за образование. И тој ќе го најде истото тоа. Потоа и војската, ќе му кажам ајде да ја провериме и војската“, зборуваше Трамп.
- Трамп го прогласи 9 февруари за Ден на Американскиот Залив
Американскиот претседател Трамп потпиша декрет со кој го прогласи 9 февруари за Ден на Американскиот Залив додека леташе со авионот „Ер форс уан“ над Мексиканскиот Залив.
Според Белата куќа, Трамп ги повикал јавните службеници и сите луѓе на САД да го прослават денот со соодветни програми, церемонии и активности.
- Дебати за „Американски Залив“
Трамп нареди името на Мексиканскиот Залив да се смени во Американски Залив со извршна наредба што ја потпиша во Белата куќа на 20 јануари.
Во извршната наредба се вели: „Претседателот Трамп внесува здрав разум во Владата и ги обновува темелите на американската цивилизација“.
„Имаме долгогодишна практика со апликација за спроведување на промените на имињата ажурирани од страна на официјални владини извори“, се вели во соопштението на „Гугл мапс“ и се додава дека во согласност со упатствата на Трамп, името ‘Мексикански Залив’ ќе биде сменето во 'Американски Залив', а името на планината 'Денали' на Алјаска ќе биде сменето во 'Меккинли'.
Во соопштението се истакнува дека корисниците на „Гугл мапс“ во САД ќе го видат името „Американски Залив“, додека корисниците на апликацијата во другите земји ќе ги видат двете имиња.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
