Турција, политика

Реџеп Таип Ердоган реизбран за претседател на Туркије

Претседателот Реџеп Таип Ердоган победи на претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу доби 47,86 отсто од гласовите

Burak Bir, Beyza Binnur Dönmez  | 28.05.2023 - Обновена : 29.05.2023
Реџеп Таип Ердоган реизбран за претседател на Туркије

АНКАРА (АА) - Реџеп Таип Ердоган е реизбран за претседател на Туркије на претседателските избори, соопшти претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), Ахмет Јенер, јавува Анадолу.

Во изјавата за медиумите во Анкара, Јенер истакна дека Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори во земјата против неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу.

Според неофицијалните резултати, актуелниот турски претседател победи во трката со 52,14 отсто од гласовите, додека Киличдароглу доби 47,86 отсто од гласовите, рече Јенер.

Тој додаде дека досега се отворени 99,43 отсто од гласачките кутии.

Меѓу другото, во својот говор во Истанбул, претседателот Ердоган рече дека победник на изборите се сите 85 милиони граѓани на Туркије.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.