„Алфабет“ стартуваше нова лабораторија која ќе користи вештачка интелигенција за откривање лекови
Основачот и извршен директор Хасабис рече дека методите на вештачката интелигенција можат да им помогнат да научниците во работата и значително да го забрзаат откривањето на лекови

АНКАРА (АА) - „Алфабет“, матичната компанија на „Гугл“, стартуваше нова фирма која ќе користи вештачка интелигенција за откривање нови лекови за здравствената индустрија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Новата компанија основана во Велика Британија, „Исоморфик лабс“ е „комерцијален стартап со мисија на преобликување на целиот процес на откривањето лекови од почеток со примерен пристап на вештачка интелигенција за на крајот да се моделираат и сфатат фундаменталните механизми на животот“, се наведува во објавата на блогот.
Нејзиниот основач и извршен директор Демис Хасабис рече дека методите на вештачката интелигенција можат да им помогнат да научниците во нивната работа и значително да го забрзаат процесот на откривање на лекот.
Хасабис, исто така, раководи со „ДипМаинд“, британска лабораторија која користи вештачка интелигенција за истражување која беше купена од страна на „Гугл“ во 2014 година.
„Како пионери во областа на дигиталната биологија, ние гледаме напред, да помогнеме во воведувањето на неверојатно продуктивната ера на биомедицинските откритија“, рече тој.
„Мисијата на „Исоморфик“ не можеше да биде поважна: да користи вештачка интелигенција за откривање лекови и на крајот, да создаде лекови за некои најразорни болести на човештвото.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.