Турција во обид да постави Гинисов рекорд во трансплантација на црн дроб
„Денес ќе ги одржиме операциите на петмина приматели и петмина донори во 10 оперативни сали. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме успех...“

МАЛАТИЈА (АА) - Турски универзитет во источната област Малатија денес започна пет симултани операции за трансплантација на црн дроб, во обид да постави Гинисов рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес ќе ги одржиме операциите на петмина приматели и петмина донори во 10 оперативни сали. Се надеваме дека ќе успееме да донесеме успех во агендата на нашата земја [...]“, рече Сезаи Јилмаз, проф. д-р на Универзитетот „Инону“.
„Ние поканивме и други професори како меѓународни сведоци во оваа пригода“, додаде Јилмаз.
Како сведок на операциите, д-р Шукру Емре од Универзитетот „Јеил“ изјави дека оваа операција е важна не само за Турција, туку и за светот.
„Во текот на 2000-те, стотици пациенти заминуваа во странство за трансплантација на органи, но во 2019 година стотици пациенти почнаа да ја преферираат Турција за трансплантација на органи“, истакна Ахмет Текин, официјален претставник од турското Министерство за здравство.
Медицинскиот центар „Тургут Озал“ при Универзитетот „Инону“ годишно врши околу 250 трансплантации. Исто така е и центар за обука, каде што стотици луѓе се обучуваат за работа во Турција.
Гувернерот на Малатија, Ајдин Баруш, истакна дека се горди поради овие операции, додавајќи дека во медицинскиот центар досега се извршени околу 2.500 трансплантации на црн дроб.
Хакан Доган, пациент за трансплантација на црн дроб, изјави дека ја чекал оваа операција повеќе од шест месеци.
„Се надевам на што поскоро оздравување“, рече Доган.
Операциите се очекува да завршат во вечерните часови.