Турски Рокетсан во Ријад ја претстави крилестата муниција „Ерен” водена од вештачка интелигенција
Турскиот водечки производител на муниција, ракети и ракетни системи зеде учество на саемот што се одржува од 8 до 12 февруари во Саудиска Арабија, со широко портфолио на производи
РИЈАД (АА) - Турскиот производител на одбранбена опрема, Рокетсан, во средата ја претстави својата нова, брза и повеќенаменска крилеста муниција Ерен, за првпат изложена на Светскиот саем за одбрана 2026 во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува Анадолу.
Турскиот водечки производител на муниција, ракети и ракетни системи зеде учество на саемот што се одржува од 8 до 12 февруари, со широко портфолио на производи, вклучувајќи и мини паметни муниции МАМ-Ц, МАМ-Л, и МАМ-Т; балистичката суперсонична ракета воздух-земја УАВ-230; противтенковското оружје со краток дострел Караок; крстосувачка ракета Чакир; далекудометната муниција СOM; ракетниот систем за противвоздушна одбрана Сунѓур; ракетата за противвоздушна одбрана Хисар-О; како и далекудометниот систем за противвоздушна и противракетна одбрана Сипер.
Рокетсан ги претстави и ракетите Бора, ТРГ-230 и ТРГ-300, како и тактичкиот систем за лансирање ракети KMЏ и мобилниот систем за противвоздушна одбрана Бурџ.
Новоразвиената муниција „Ерен“, која од концепт до оперативен производ е развиена за помалку од една година, е тестирана на повеќенаменското борбено беспилотно летало „Бајрактар Акинџи“, соопшти компанијата.
Брзата крилеста муниција, за која се очекува годинава да се започне со сериско производство, е дизајнирана да ги задоволи оперативните потреби на Турските вооружени сили, како и на пријателските и сојузничките земји на Турција.
„Ерен“ може да се лансира од беспилотни летала, хеликоптери, копнени возила, копнени системи и поморски платформи. Системот е способен да опонира на воздушни цели со мала брзина, како и против оклопни и неоклопни копнени цели.
Според Рокетсан, муницијата поседува напредни способности за наведување и има оперативен дострел поголем од 100 километри.
„Целта ни беше да развиеме исплатлива муниција способна да нишани цели воздух-земја, земја-земја и земја-воздух“, изјави извршниот директор на Рокетсан, Мурат Икинџи.
„Муницијата ‘Ерен’ значително ќе ја зголеми ударната моќ на нашите беспилотни летала и ќе овозможи високоефикасни дејствувања од копнени платформи, вклучително и автономни системи, оклопни возила и засолништа“, додаде тој.
Икинџи изјави дека алгоритмите за вештачка интелигенција и напредните сензори за контрола на летот интегрирани во муницијата, во комбинација со нејзиниот турбомлазен мотор, отвораат нов оперативен сегмент.
Тој додаде дека се во тек напори за интеграција на беспилотни копнени возила, оклопни платформи, беспилотни летала и системи за блиска противвоздушна одбрана, со можност за идна интеграција и на авиони.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
