Балкан

Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Собранието, се бара зголемување на платите

ССМ ги блокираше влезовите на Собранието и улицата пред Собранието

Dzihat Aliju  | 10.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
Сојузот на синдикатите на Македонија со блокада пред Собранието, се бара зголемување на платите Фото: Umeys Sulejman/АА

СКОПЈЕ (АА) - Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) организираше протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување од 100 евра за сите други плати, јавува Анадолу.

ССМ ги блокираше влезовите на Собранието и улицата пред Собранието.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во изјавата за медиумите рече дека пратениците две години го блокираат предлогот на ССМ за зголемување на минималната плата и останатите плати.

„Денеска по 21 човек на 2 локации ги блокираме да не можат (пратениците) да дојдат со сопствените возила на работа како што идат, да не можат да наплатат трошоци за превоз како да трошат керозин и да мораат да дојдат пешки или со јавен градски превоз на своите работни места“, изјави Трендафилов барајќи од пратениците да предложат зголемување на платите.

Тој рече дека доколку пратениците не го направат тоа, тие ќе соберат 10.000 потписи за намалување на пратеничките и функционерските плати.

Трендафилов најави дека в четврток ќе го блокираат приодот до Стопанската комора, а наредниот вторник кога ќе има седница, ќе ја блокираат и Владата.

Потсетуваме дека ССМ на 28 јануари организираше протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување од 100 евра за сите други плати.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.