наука и технологија

Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“ лансирана од Вселенската станица „Кејп Канаверал“ во САД

Сателитот за комуникација „Еуталсат 10Б“ на клиентите во Америка, Атлантскиот Океан, Европа, Африка, Средниот Исток и Средна Азија ќе им нуди широкопојасна конекција, видеоконекција и дата конекција во авионите и во поморските подрачја

Islam Doğru  | 23.11.2022 - Обновена : 24.11.2022
Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс икс“ лансирана од Вселенската станица „Кејп Канаверал“ во САД

ЊУЈОРК (АА) - Американската компанија „Спејс икс“ со ракетата „Фалкон 9“ го лансира сателитот за комуникација „Еуталсат 10Б“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Лансирањето беше реализирано преку Вселенската станица „Кејп Канаверал“ која се наоѓа во американската сојузна држава Флорида.

Според информацијата споделена на интернет-страницата на НАСА, сателитот за комуникација „Еуталсат 10Б“ на клиентите во Америка, Атлантскиот Океан, Европа, Африка, Средниот Исток и Средна Азија ќе им нуди широкопојасна конекција, видеоконекција и дата конекција во авионите и во поморските подрачја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın