Кинеските научници клонираа мајмуни
- Долгопашести макаки мајмуни клонирани во Кина - Клонирањето на мајмуни ја надмина техничката бариера пред човечкото клонирање

Peking
ПЕКИНГ (AA) - Кинеските научници за првпат во светот клонирале мајмун, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста од агенцијата „Шинхуа“, во истражувачкиот центар поврзан со Кинеската академија на науки (CAS), научниците успеале да клонираат два мајмуна (долгоопашести макаки), Хуа хуа и Конг конг.
Научниците го користеле истиот метод, употребен при клонирањето на овцата Доли 1996 година во Шкотска, односно методот на нуклеарен трансфер на соматска клетка (SCNT).
Овој метод, кој се користел пред околу 20 години во клонирањето на Доли, ги сместува клетките пренесени од две различни живи суштества во јајце-клетка. Прво, во вештачка средина, ова јајце се дели со електричен шок.
Јајцето потоа се става во мајка-носител, за да го започне развојниот процес. Сепак, во експериментите, многу од субјектите не живеат по раѓањето. Беше објавено дека пред околу два и пол месеци, два долгоопашести макаки се родени и се хранат со млеко. Нивниот развој продолжува непречено.
Кај клонираните макаки мајмуни се појавиле тешкотии во време на клонирањето поради сличните структури со структурите на човекот. За двата макаки мајмуни се користеле 127 јајце-клетки и 79 ембриони.
Во соопштението се наведува дека научниот тим се борел повеќе од 3 години за да ги надмине биолошките предизвици на клонирањето.
Муминг Пу, кој ја предводи програмата за клонирање, рече: „Со овој успех се надминати пречките за клонирање на другите живи суштества, вклучувајќи ги и луѓето“.
Сун Чианг, лидер на истражувачката група на Центарот за истражување примати поврзан со SCNT, истакна дека процесот на SCNT е многу чувствителен. „Колку побрзо ќе го направите соматскиот трансфер на клетки, толку помалку ќе се оштетат јајце-клетките“.
Истражувањето на кинескиот тим е објавено во научното списание „Cell“.
Во светот во 1958 година за прв пат беше клонирана жаба, во 1963 година крап, а во 1996 година беше клониран првиот примат (овцата Доли). Експериментите беа спроведени со клетки земени од овца и успехот беше постигнат во 227-тиот обид. По клонирањето на Доли, беа клонирани многу животни, како свињи, крави, кучиња, зајаци и глувци.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.