наука и технологија

Кина потврди дека остатоците од ракетата „Лонг марч“ паѓаат кон Земјата

Националната вселенска агенција на Кина соопшти дека остатоците од ракетата „Лонг марч-5Б Ј2“ „можно е да влезат во атмосферата на Земјата некаде овој викенд“

Riyaz Ul Khaliq  | 07.05.2021 - Обновена : 10.05.2021
Кина потврди дека остатоците од ракетата „Лонг марч“ паѓаат кон Земјата

АНКАРА (АА) - Кина потврди дека остатоците од нејзината ракета од домашно производство што го носеше главниот модул од нејзината вселенска станица во орбитата паѓаат кон Земјата, објавија кинеските медиуми утринава, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националната вселенска агенција на Кина соопшти дека остатоците од ракетата „Лонг марч-5Б Ј2“ „можно е да влезат во атмосферата на Земјата некаде овој викенд“, според јавниот сервис ЦГТН (CGTN).

Се додава дека ракетата треба да изгори при влегувањето, а некои кинески експерти предупредуваат дека „парчиња од ракетата може да паднат во Пацификот“.

Ракетата беше лансирана на 29 април во вселената која го носеше основниот модул „Тијанхе“ - за кинеската вселенска станица.

„Aматерското набљудување на ракетата покажa редовно трепкање што индицира дека таа паѓа без контрола“, беше објавено на веб-страницата на Вселенската агенција на 30 април, додавајќи дека „полека и непредвидливо“ се движи кон Земјата.

„Тијанхе“ се оддели од главниот дел на преносната ракета по 492 секунди од летот, влегувајќи директно во нејзината првично планирана орбита.

Во меѓувреме, Кина денеска успешно лансира друга група сателити во орбитата. Сателитите беа лансирани од Центарот за лансирање сателити „Ксичанг“ во југозападната покраина Сечуан.

Сателитите, инаку од семејството „Јаоган-30“, беа лансирани со носечката ракета „Лонг марч-2С“.

Кога сателитите ќе се регулираат во орбитата, тие ќе се користат за електромагнетни детекции во животната средина и со неа поврзани технолошки тестирања.

„Тијанки-12“, еден од сателитите, ќе се користи за собирање и пренос на податоци.

Тоа е 369-та од серијата мисии на ракетите „Лонг марч“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.