„Последиците од економската криза што започна во 2008 сѐ уште не поминаа“
„Светот се соочи со толку длабока криза, што за жал, многу земји дојдоа на прагот на инфлација“, изјави турскиот премиер Јилдирим

Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, изјави дека веќе ниту една земја во глобализираниот свет не може да каже дека самата ќе ги реши своите проблеми, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим присуствуваше на Десеттиот европски регионален состанок на Меѓународната организација за труд (ILO), чиј домаќин е Истанбул.
Турскиот премиер во таа пригода се осврна на значајните промени и случувања во регионот во последните неколку години.
Тој изјави дека со големата економска криза што започна во 2008 година, длабоко беа погодени голем дел од 51 земја од регионот, и оти одредени земји почувствувале помали последици.
Јилдирим се осврна и на миграциите и потсети дека поради војната во Сирија, милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Тој истакна дека веќе подолго од шест години, 3,5 милиони бегалци од Сирија се наоѓаат во Турција.
„Ние им пруживме заштита на оние што сакаа да се спасат, кои поради тоа тргнаа на пат, ги отворивме своите домови и им дадовме секаков вид на внимание. Тоа е нешто што е дел од нашата култура“, појасни Јидлирим.
Турскиот премиер додаде дека Турција очекувала светот да направи нешто повеќе од приказната дека „Турција сторила нешто добро и им помогнала на бегалците и на луѓето во тешка ситуација“.
„За жал, целиот свет, првенствено земјите на ЕУ, се задоволија со следење на овие случувања и со тапкање на Турција по грбот“, појасни Јилдирим, кој додаде дека Турција е голема земја и оти има широки можности.
Тој нагласи дека не се каат за ништо што сториле и оти ќе продолжат со истите активности.
Според неговите зборови, последиците од глобалната економска криза, која започнаа во 2008 година, сѐ уште не поминаа во вистинската смисла на зборот.
„Светот се соочи со толку длабока криза, што за жал, многу земји дојдоа на прагот на инфлација“, изјави Јилдирим, кој додаде дека Турција и покрај хаосот и ситуацијата во близина на нејзините граници, успеала да фати одржлив развој.
Јилдирим потсети дека Турција во првата половина на 2017 година успеала да оствари раст поголем од пет отсто.
„Тоа е најголем раст по Кина и Индија. Тоа е втор најголем раст во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Двојно поголем раст од оној кој заедно го оствариле 18 земји на ЕУ“, истакна Јилдирим.
Тој додаде дека Турција ги надминала проблемите, меѓу останатото, со политичката стабилност, но и со силната демократија.
Јилдирим се осврна и на мегапроектот на Турција во Истанбул, изградбата на најголемиот аеродром на светот, кој ќе има капацитет од 200 милиони патници.
„Ниту една земја повеќе нема можност да каже сами ќе ги решиме своите проблеми, не ни требаат другите. Судбината на сите земји е вака или онака да бидат поврзани една со друга. Поради тоа, треба заедно да размислуваме за решавање на проблемот и заедно да се пронајде решение“, порача турскиот премиер.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.