Турција, култура и уметност

Турција: Осветлениот антички град Сиде привлекува голем број туристи ноќе

Градот, често нарекуван „Лулка на цивилизациите“, привлекува милиони домашни и странски туристи секоја година, претставувајќи не само природна убавина, туку и богато културно наследство

Ajdin Aliji  | 03.08.2025 - Обновена : 03.08.2025
Турција: Осветлениот антички град Сиде привлекува голем број туристи ноќе Фото: Mustafa Karabıyık/AA

СКОПЈЕ (АА) – Благодарение на иницијативата „Ноќни музеи“, античкиот град Сиде во Анталија, Турција, пречекува сè повеќе посетители во вечерните часови, особено во летните месеци кога времето е многу жешко, пишува Анадолу.

Градот, често нарекуван „Лулка на цивилизациите“, привлекува милиони домашни и странски туристи секоја година, претставувајќи не само природна убавина, туку и богато културно наследство.

Уникатните историски локалитети на регионот се отворени за посетители по зајдисонце како дел од иницијативата „Ноќни музеи“ започната од Министерството за култура и туризам.

Во градот, каде што температурите често ги надминуваат сезонските просеци, домашните и странските туристи кои претпочитаат дневен одмор на плажа, сега можат да ги посетат археолошките локалитети во свежината на вечерните часови.

Посетителите можат да уживаат во величествените осветлени структури на античкиот град под ѕвезденото небо и да се потопат во магичната атмосфера на археолошкиот локалитет.

Античкиот град Сиде, основан во 7 век пр. н. е., е една од најважните историски населби во историјата. Овој древен град, кој бил дел од регионот Памфилија, првично паднал под власта на Кралството Лидија и останал под оваа власт многу години.

Подоцна преминал под Персиското Кралство, а потоа под Кралството Македонија откако Александар Велики покажал интерес за регионот. Исто така бил под власт на Римјаните, Византијците и Османлиите, што го прави еден од најзначајните историски градови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın