економија

Состанок на Светскиот совет на турски бизниси во Скопје

Амбасдорот Шолендил смета дека средбата ќе биде од голема корист, како за Турција, така и за регионот, додавајќи дека му причинуваа особено задоволство изборот Скопје да биде местото на првиот состанок.

Dzihat Aliju  | 05.05.2016 - Обновена : 06.05.2016
Состанок на Светскиот совет на турски бизниси во Скопје

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија - Турција (МАТТО) во Скопје беше домаќин на состанокот на Советот на турски бизниси во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

На средбата што се одржa во хотелот "Stone Bridge" присустуваа македонскиот министер без ресор Фуркан Чако, амбасадорот на Турција во Скопје, Омур Шолендил, подсекретарот на министерството за економија на Република Турција, Ибрахим Шенел, претставници на турски институции и организации во Македонија како и голем број деловни луѓе.

Амбасадорот на Република Турција во Скопје, Шолендил, во својата изјава истакна дека благодарение на средбата, голем број турски бизнисмени од Балканот се консултирале за економиите во земјите во кои се наоѓаат и за начините на кои можат да ги прошират своите бизниси.

Амбасдорот Шолендил смета дека средбата ќе биде од голема корист, како за Турција, така и за регионот, додавајќи дека му причинуваа особено задоволство изборот Скопје да биде местото на првиот состанок.

Претседателот на Балканскиот регион на Советот на турски бизниси во светот (DTİK) , Омер Сусли, соопшти дека цел на состанокот е 11-те земји од балканскиот регион да го зголемат обемот на меѓусебна трговска соработка, при што Турција ја зема одговорноста да биде мост помеѓу земјите, со цел зголемување на обемот на трговијата меѓу земјите и зголемување на инвестициите.

Сусли потсети дека изминатите месеци во Истанбул на оснивачкиот Конгрес учествувале околи 3.000 бинисмени, и додаде: „Ќе направиме сѐ што е во наша моќ следните четири години во 11-те земји од Балканот да се направат трајни инвестиции од страна на турски инвеститори.”

Претседателот на МАТТО, Ејуп Кахвеџи изрази задоволство што како организација се домаќини на оваа средба.

Кахвеџи во врска со очекувањата од состанокот изјави: „ Наша цел е во наредните четири години да дадеме наш придонес во работата на Турција со дијаспората и заедно со Турција да учествуваме во развојот на релевантни стратегии поврзани со Балканот. Веруваме дека благодарение на овие проекти, ќе имаме голем придонес како кон земјите од Балканот, така и кон Турција.”


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.