свет

Почина Фидел Кастро, поранешниот претседател на Куба

Информацијата за смртта на Фидел Кастро ја потврди неговиот брат и сегашниот претседател на Куба, Раул Кастро, на националната телевизија

Özüm Yalkın  | 26.11.2016 - Обновена : 26.11.2016
Почина Фидел Кастро, поранешниот претседател на Куба

Havana

ХАВАНА (АА) - Кубанскиот револуционер и поранешен претседател на Куба, Фидел Кастро, почина на 90-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (AA).

Информацијата за смртта на Фидел Кастро ја потврди неговиот брат и сегашниот претседател на Куба, Раул Кастро, на националната телевизија.

Фидел Кастро е роден во Биран во 1926 година, како син на богат земјоделец. Тој планирал соборување на тогашниот претседател на Куба Фулгенсио Батиста, започнувајќи неуспешен напад врз касарната Монкада во 1953 година. По една година затвор, тој отпатува во Мексико каде што ја формираше револуционерната група Движење 26. јули, заедно со Че Гевара и со својот брат Раул Кастро.

По враќањето на Куба, Кастро имаше клучна улога во Кубанската револуција водејќи герилска војна против силите на Батиста од Сиера Маестре.

Фидел Катсро во 1959 година стана премиер на Куба, а во периодот меѓу 1976 и 2008 година беше претседател на оваа земја, по што власта ја презеде неговиот брат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın