свет

Несекојдневен амбасадор на Турција во Ирак, секојдневно во контакт со луѓето

Времето вон активностите на дипломатската мисија често го поминува на улиците на Багдад, во контакт со луѓето од сите сталежи. Посетува продавници, историски места и таму разговара со населението

Haydar Hadi  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Несекојдневен амбасадор на Турција во Ирак, секојдневно во контакт со луѓето

Bagdad

БАГДАД (АА) - ХАЈДАР ХАДИ - Амбасадорот на Република Турција во Багдад, Фатих Јилдиз, не е познат само по својот дипломатски труд во еден од најопасните главни градови на светот, туку и според блискиот однос со локалното население, јавува Anadolu Agency (AA).

Времето вон активностите на дипломатската мисија често го поминува на улиците на Багдад, во контакт со луѓето од сите сталежи. Посетува продавници, историски места и таму разговара со населението.

Неретко, дури и додека чека во метеж во сообраќај, тој излегува од возилото и барем на неколку минути разговара со луѓето кои се во близина.

Јилдиз ја користи можноста да укаже на посебното место на Ирак и на неговиот народ за Турција.

Овој амбасадор го претставува новото лице на политиката со примена на невообичаен активизам, кој го препознаа и Ирачаните. Неговите сограѓани често го опишуваат како мил и скромен човек.

Амбасадорот за АА вели дека е невозможно еден Турчин и турски дипломат да се чуствува како странец во Ирак и додаде дека е среќен што има можност да се запознае со локалното население.

Јилдиз ги опиша Ирачаните како насмеани луѓе кои го сакаат животот и се непосредни.

Исто така, настојува да присуствува на голем број верски програми, па додава дека колега амбасадор го прашал дали фотографиите на кое се гледа Јилдиз како шета по улиците се вистински или станува збор за фотомонтажа.

Јилдиз вели дека наидува на позитивни реакции кај Ирачаните.

„Покажуваат голема благонаклонетост. Имаат голема љубов и благонаклонетост кон Турција“, изјави Јилдиз.

Овој амбасадор не ги заборава ни луѓето пребегани во Багдад поради терористичката организација ДЕАШ. Настојува да им ја достави помошта од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и од Црвената полумесечина.

Но, Јилдиз не престојува само во Багдад, тој настојува да помогне и во доставувањето на хуманитарната помош на Турција во градовите во јужен Ирак.

Амбасадорот на Турција во Багдад се наоѓа на подрачјето на Везиријe, коe е надвор од заштитената зелена зона. Амбасадорот Јилдиз оваа локација не ја гледа како хендикеп, туку како предност и можност да биде во постојат контакт со локалното население.

Сепак, нему му е потребна поддршка, а најголема поддршка му е сопругата Несрин. Таа го опиша го како вреден и секогаш насмеан човек, кого го запознала за време на студиите, но и покрај тоа што дипломирале на ист отсек, таа одлучила да не започнува професионален живот, туку да му биде поддршка на сопругот.

На многу програми во Багдад на кои е повикан амбасадорот доаѓа и неговата сопруга, како негова најголема поддршка.

Несрин Јилдиз ги опиша Ирачаните како многу топли и непосредни луѓе. Се осврна и на бетонските бариери околу Багдад кои градот полн со историја и дух речиси го претворија во затвор од отворен тип. Таа изјави дека со сопругот честопати од безбедносни причини чекаат долго, но дека имаат трпение.

Исто така, се надева дека ситуацијата во Ирак ќе се подобри.

Амбасадорот воспостави пријателски односи и со полицајците кои државните органи на Ирак ги одредија да се грижат за неговата безбедност. Во знак на благодарност, тој на Денот на полицијата на Ирак им подели цветови, и со тоа стана првиот странски претставник на мисијата кој го сторил тоа во Багдад.

Сепак, местото на турската екипа за безбедност е посебно. Тимот во амбасадата се состои од 30 припадници на специјалните единици, кои како што велат, не се жалат на темпото на амбасадорот.

„Тоа што е амбасадор од народот и што е близок со нас, ја подига свеста за одговорност на повисоко ниво. Задоволство ни е да се грижиме за него“, рече еден од нив.

Друг вели дека работата со амбасадорот е посебно искуство и дека ги врзуваат убави спомени и чувства кои траат цел живот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.