култура и уметност

Фестивалот на светлината во Лион ги откри инсталациите за 2025 година пред отворањето за јавноста

Фестивалот потекнува од локална традиција стара повеќе од еден и пол век

Aida Cako  | 05.12.2025 - Обновена : 05.12.2025
Фестивалот на светлината во Лион ги откри инсталациите за 2025 година пред отворањето за јавноста

СКОПЈЕ (АА) – Уметничките инсталации за Фестивалот на светлината 2025 во Лион, Франција, беа откриени синоќа, еден ден пред официјалното отворање за јавноста, јавува Анадолу.

Градските власти соопштија дека годинашното издание ќе трае од 5 до 8 декември, со светлосни инсталации и надворешни проекции кои ќе се прикажуваат секоја вечер од 19 до 23 часот.

Фестивалот потекнува од локална традиција стара повеќе од еден и пол век.

Во 1852 година жителите на Лион поставувале свеќници („lumignons“) на прозорците како израз на благодарност кон Богородица, традиција која подоцна прераснала во меѓународно познат настан што ја спојува културната историја, современата уметност и иновативниот светлосен дизајн.

Четиридневната манифестација секоја година привлекува околу 2 милиони посетители, што ја прави една од најголемите културни свечености во Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.