култура и уметност

Турскиот пеач Теоман во својот нов видео запис ја раскажа драмата на бегалците

Во спотот за својата нова песна „Limanında“, што би значело "Пред порта", турскиот пеач Теоман зборува за драмата на сириските бегалци

Hilal Uştuk  | 12.04.2016 - Обновена : 13.04.2016
Турскиот пеач Теоман во својот нов видео запис ја раскажа драмата на бегалците

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) – Во спотот за својата нова песна „Limanında“, што би значело "Пред порта", турскиот пеач Теоман зборува за драмата на сириските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).

Во спотот станува збор за вистинска приказна на сиријците Бериван и Васим, и нивната авантура како преку Турција избегале за Германија.

Во спотот парот кој е приморан да ја напушти Сирија, и го оставил зад себе стариот начин на живот, патувајќи од Сирија, преку Газиантеп, Истанбул, Измир и Грција го отсликува тешкиот живот на бегалците по овие патишта.

Спотот е дело на режисерот Чарлс Ричардс, кој на документарен начин го заврши за 10 дена.

Проектот е поддржан од страна на УНИЦЕФ и ОН.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.