Во Скопје започна Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“
Со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје вечерва во Даут-пашиниот амам започна Mеѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“
СКОПЈЕ (АА) - Со поддршка на Институтот „Јунус Емре“ - Скопје вечерва во Даут-пашиниот амам започна Mеѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот кој го обединува книжевниот свет од балканските земји, се одржува оваа година по 10-ти пат.
Уметничкиот директор на Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“, Александар Прокопиев, рече дека пред 10 години е формирана една многу убава манифестација на која доаѓаат најдобрите балкански писатели.

Истакнувајќи дека манифестација секогаш започнува во Даут-пашиниот амам, Прокопиев рече дека трае 3 дена и дека ќе заврши со доделување на награда на лауреатот на 10-годишнината.
„Овој пат ја одбравме Оливера Николова, позната македонска писателка што ја нарекуваат мајка на сите македонски писатели“, нагласи Прокопиев.
На фестивалот, покрај Пелин Јилмаз, претставничка на издавачката група „Епсилон“ од Туркије, учествуваат писатели од Туркије, Северна Македонија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Србија и Словенија.

Пелин Јилмаз, наведувајќи дека прв пат доаѓа во Северна Македонија и на фестивалот, рече дека навистина е среќна што се наоѓа во оваа фасцинантна средина, прекрасната галерија на Даут-пашиниот амам.
Истакнувајќи дека се издавачка куќа која извезува култура од Туркије, Јилмаз рече дека нивните книги се продаваат во 86 земји.
„Од саемот во Франкфурт во 2019 година продаваме околу 120 наши книги во 86 земји од светот, ова е голем успех. Така што ние сме една од издавачките куќи од Туркије која извезува култура. Верувам дека отсега понатаму побрзо ќе се шириме во светот“, рече Јилмаз.
Меѓународниот литературен фестивал „Про-за Балкан“ ќе заврши во вторник на 20 септември.
