свет, Коронавирус

Франција: Бројот на починатите од Ковид-19 во земјата се зголеми на 7.560 лица

Генералниот директор на Министерството за здравство Жероме Саломон на прес-конференцијата изјави дека во изминатите 24 часа се потврдени 4.267 нови случаи на заразување и дека вкупната бројка на заразени во Франција моментално изнесува 68.605

Yusuf Özcan  | 04.04.2020 - Обновена : 05.04.2020
Франција: Бројот на починатите од Ковид-19 во земјата се зголеми на 7.560 лица

ПАРИЗ (AA) - Бројот на починатите од последиците на заразувањето со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во последните 24 часа порасна за 1.053, со што вкупна бројка на починати достигна 7.560, јавува Агенција Анадолија (АА).

Генералниот директор на Министерството за здравство Жероме Саломон на прес-конференцијата изјави дека во изминатите 24 часа се потврдени 4.267 нови случаи на заразување и дека вкупната бројка на заразени во Франција моментално изнесува 68.605.

Во последните 24 часа бројот на починатите порасна за 1.053, со што вкупна бројка на починати достигна 7.560.

Саломон рече дека бројката на опоравените од коронавирусот достигна 15.438, додека 6.838 заболени се наоѓаат на интензивна нега.

Франција моментално е четврта земја во светот по бројот на починати од коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın