Турција: Против Ковид-19 вакцинирани повеќе од 10 милиони лица
Податоците на Министерството за здравство на таа земја покажуваат дека повеќе од 7,57 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината за новиот тип коронавирус, додека двете дози на вакцината ги примиле повеќе од 2,44 милиони лица.

АНКАРА
Во Турција против Ковид-19 се вакцинирани повеќе од 10 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците на Министерството за здравство на таа земја покажуваат дека повеќе од 7,57 милиони луѓе ја примиле првата доза од вакцината за новиот тип коронавирус, додека двете дози на вакцината ги примиле повеќе од 2,44 милиони лица.
Во Истанбул се вакцинирани 1,59 милиони лица, од нив 1,17 милиони луѓе ја примиле првата доза, а 419.717 лица ги примиле двете дози на вакцината.
Во Анкара се вакцинирани повеќе од 823.000 лица.
Масовната кампања за вакцинација против Ковид-19 во Турција започна на 14 јануари, а првите вакцини ги примија здравствените работници и високи официјални претставници со цел поттикнување на луѓето на вакцинација.
Турција од 1 март започна со постепена нормализација и ублажување на одредени рестрикции во согласност со епидемиолошката ситуација во покраините.
Во таа земја досега заразување со Ковид-19 е забележано кај 2,78 милиони лица, а од последиците на заразувањето починаа 29.030 лица.
Новиот тип коронавирус се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а се прошири во 192 земји и региони и однесе речиси 2,59 милиони животи. Низ светот се забележани повеќе од 116,86 милиони случаи на заразување, а досега оздравеа повеќе од 66,13 милиони лица, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Земји што најмногу се погодени од вирусот се САД, Индија и Бразил.