Турција му изрази сочувство на Бразил поради смртоносните поплави
- Во соопштението турското Министерство за надворешни работи им посака брзо закрепнување на повредените
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција денес изрази сочувство до Бразил поради загубата на животи предизвикана од поплавите и лизгањето на земјиштето во југоисточната држава Минас Жераис, јавува Анадолу.
Во соопштението турското Министерство за надворешни работи им посака брзо закрепнување на повредените.
Според официјални лица од противпожарната служба на државата Минас Жераис, вчера најмалку 46 лица загинале во обилните дождови и лизгањата на земјиштето во државата.
Индустрискиот град Хуиз де Фора беше најтешко погоден од бурата, при што во февруари имало 584 милиметри дожд, околу двапати повеќе од месечниот просек, што го прави најдождлив февруари во историјата на градот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
