Турција: Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 се искачи на 187.511
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 22 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од вирусот се зголеми на 5.282

АНКАРА (АА) – Во Турција во последните 24 часа регистрирани се 1.041 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи достигна 208.938, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци за дневниот биланс на состојбата со коронавирусот во Турција, објавен на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 22 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од вирусот се зголеми на 5.282.
Во Турција во последното деноноќие се извршени 49.302 тестирања на Ковид-19, откриени се 1.041 новозаразени, вкупно 208.938 од почетокот на епидемијата во земјата.
Во последните 24 часа излекувани се 2.219 пациенти, со што вкупната бројка на излекувани пациенти во земјата се зголеми на 187.511.
Во Турција досега извршени се вкупно 3.782.520 тестирања на Ковид-19.
На одделите за интензивна нега се наоѓаат 1.172 лицa, од нив 406 лица се на кислородна поддршка.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, во однос на последните податоци за Ковид-19 во земјата нагласи:
„Во одредени големи градови, најголемиот број на случаи на Ковид-19 беа регистрирани во 5-та недела од епидемијата. Со преземените мерки случаите беа намалени. Во последните месец дена во 13 области е регистриран најголемиот број на случаи. Новите случаи се концентрирани во одредени области“, нагласи Фахретин Коџа.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.