Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 127.973

Во последните 24 часа починаа уште 25 лица како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 989 пациенти

Yıldız Aktaş  | 31.05.2020 - Обновена : 01.06.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 127.973

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 127.973, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.600 тестирања за Ковид-19, од кои 839 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 25 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 989 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 2.039.194 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 163.942 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.540 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 648 лица, 287 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 127.973 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.

„Бројот на откриени случаи се движи на предвидено ниво. Продолжу да се намали бројот на пациенти кои имаат потреба за кислородна поддршка. Наредните денови зависат од вниманието на хигиената на рацете, како и на почитувањето на правилата на носење маски и социјална дистанца. Со постриктни мерки до подобри резултати“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın