Турција, Коронавирус

Турска компанија потпиша договор за производство на вакцината „Спутник V“ во Турција

„Прво, ќе се задоволат потребите на Турција. Можеби ќе биде можно и да се извезе вишокот во други земји. Тогаш Турција може да биде база за извоз.“

Yunus Girgin   | 26.01.2021
Турска компанија потпиша договор за производство на вакцината „Спутник V“ во Турција

ИСТАНБУЛ (АА) - Турција ќе ја произведе руската вакцина „Спутник V“ откако ќе завршат законските процедури и трансферот на технологија, изјави челникот на турската фармацевтска компанија „ВисКоран“ (VisCoran), Озтурк Оран, за Агенција Анадолија (АА).

Истакнувајќи дека договорот е потпишан на 16 август минатата година, извршниот директор Оран рече дека компанијата не сакала да го објави тоа додека не ја добие лиценцата.

„Во моментов сме во фаза на трансфер на технологија поврзана со местата за производство. Откако ќе заврши трансферот на технологија и процедурите во турското Министерство за здравство, вакцината ќе биде дозволена за употреба. Потоа, ќе започне пилот-производството и сериското производство во Турција“, тој рече.

Оран истакна дека компанијата е партнер за производство на руската вакцина „Спутник V“ во Турција.

„Прво, ќе се задоволат потребите на Турција. Можеби ќе биде можно и да се извезе вишокот во други земји. Тогаш Турција може да биде база за извоз.“

„Доколку вакцината се произведе во Турција, ќе се изврши пренесување на експертизата од Русија во Турција“, рече тој.

Минатиот јули, руското Министерство за здравство издаде акредитации на одредени клиники, дозволувајќи им да спроведат скрининг и испитувања на луѓе на вакцината „Спутник V“.

На 11 август, рускиот претседател Владимир Путин ги соопшти обидите на Русија да стане првата земја што ја регистрирала новата вакцина против коронавирусот.

Вакцината „Спутник V“ е развиена од Националниот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Русија.

Вакцината е одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија, Унгарија, Обединетите Арапски Емирати, како и во неколку други земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.