свет, Коронавирус

САД: Фаучи предупредува дека укинувањето на мерките против Ковид-19 е ризик за нов скок на случаите

Пораката на Фаучи доаѓа во момент кога американските сојузни држави Тексас и Мисисипи оваа недела ги укинаа правилата за задолжително носење маски и ограничувањата на деловните капацитети

Beyza Binnur Dönmez   | 08.03.2021
САД: Фаучи предупредува дека укинувањето на мерките против Ковид-19 е ризик за нов скок на случаите

АНКАРА (АА) - Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи предупреди дека предвременото олеснување на ограничувањата за коронавирусот може да предизвика уште еден скок на бројот на заразени во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Линијата на падот почнува да формира плато“, рече Ентони Фаучи во емисијата „Face the Nation“ на „Си-би-ес“, додавајќи дека тоа се случува „на многу високо ниво, платото на ниво од 60.000-70.000 нови случаи на ден не е прифатливо ниво“.

Пораката на Фаучи доаѓа во момент кога американските сојузни држави Тексас и Мисисипи оваа недела ги укинаа правилата за задолжително носење маски и ограничувањата на бизнис капацитетите.

„Значи, пораката што ја кажуваме е дека сакаме внимателно и постепено да ги повлекуваме методите на ублажување [на мерките]. Но, не вклучувајте го и исклучувајте го тоа копче затоа што навистина би било ризично поради нов бран, што не сакаме да се случи затоа што имаме плато на доста високо ниво“, рече главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден.

„Одиме во вистинската насока. Треба само да почекаме уште малку“, продолжи тој.

Фаучи рече дека тие сакаат луѓето да разберат дека тоа „нема да биде на неодредено време“.

„Ние треба постепено да ги повлекуваме [мерките] како што прогресираме со вакцинирањето на повеќе луѓе“, советува Фаучи, велејќи дека вакцинацијата ќе се интензивира во април и мај.

Тој истакна дека до крајот на мај САД ќе имаат доволно вакцини за да се вакцинира секој.

Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) во земјата досега искористени се околу 90,4 дози вакцини.

Во САД, најтешко погодената земја од пандемијата во светот, досега има регистрирано речиси 29 милиони случаи на вирусот и над 525.000 смртни случаи, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın