свет, Коронавирус

Продолжува високата бројка на починати од Ковид-19 во Латинска Америка

Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.214 лица, 1.743 во Мексико, 219 во Аргентина, 381 во Колумбија...

Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik   | 27.01.2021
Продолжува високата бројка на починати од Ковид-19 во Латинска Америка

БОГОТА (АА) - Продолжува високата смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил животот го загубија 1.214 лица, 1.743 во Мексико, 219 во Аргентина, 381 во Колумбија, 220 во Перу, 24 во Чиле, 29 во Еквадор и 54 во Боливија.

Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.214 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 218.878. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 61.963, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот се искачи на 8.933.356.

По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 7.798.655 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.

- Мексико -

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.743 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 17.165 новозаразени.

Во Мексико досега се регистрирани 152.016 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.778.905. Во оваа земја досега оздравеа 1.348.660 лица позитивни на Ковид-19.

Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на Ковид-19 на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.

- Аргентина -

Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 219 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 47.253. Во истиот период детектирани се 10.409 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.885.210.

Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.674.555 лица заразени со коронавирусот.

Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.

- Колумбија -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 381 лице, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 52.128.

Во последните 24 часа детектирани се 13.606 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се зголеми на 2.041.352. Во оваа земја досега оздравеа 1.864.904 лица заразени со Ковид-19.

Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.

- Перу -

Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 220 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.913 новозаразени.

Во оваа земја вкупниот број заразени се искачи на 1.107.239, од кои починаа 40.107 лица, а оздравеа над 1.022.736 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.

- Чиле -

Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 24 лица од последици предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја достигна 18.023.

Во истиот период регистрирани се нови 3.322 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 706.500, а оздравеа вкупно 662.460 лица претходно заразени со коронавирусот.

- Еквадор -

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 29 смртни случаи, вкупно 14.668 од почетокот на пандемијата.

Во истиот период детектирани се 579 новозаразени, така што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 242.146. Досега во Еквадор оздравеа 204.071 лице кои биле позитивни на коронавирусот.

- Боливија -

Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 54 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.390.

Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 205.208, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.105. Досега оздравеа 152.555 лица позитивни на коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.