свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.437 лица, во Индија 904, а во Мексико 829 лицa

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.437 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 97.256 лицa

Muhammet Nazım Taşcı, Muhammed Emin Canik  | 06.08.2020 - Обновена : 07.08.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.437 лица, во Индија 904, а во Мексико 829 лицa

БУЕНОС АИРЕС 

Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.437 лицa, во Индија 904 лица, а во Мексико 829 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.437 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 97.256 лицa.

Во земјата се откриени уште 57.152 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.859.073.

Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 2.020.637.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

- Индија

Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 904 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 40.699.

Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 56.282 случаи со овој вирус.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.964.536.

Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.328.336 лица.

- Мексико

Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 829 лица.

Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 49.698.

Во Мексико се откриени уште 6.139 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 456.100.

Досега во земјата излекувани се 304.708 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın