свет, Коронавирус

Ковид-19 причина за смртта на 1.233 лица во Бразил, 579 во Мексико и 606 во Индија

- Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.233 лица во Бразил, 579 во Мексико и 606 во Индија

Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı   | 16.07.2020
Ковид-19 причина за смртта на 1.233 лица во Бразил, 579 во Мексико и 606 во Индија

БУЕНОС АИРЕС

Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.233 лица во Бразил, 579 во Мексико и 606 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бразилското Министерство за здравство објави дека од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот, вкупната бројка на починати е зголемена на 75.366, од кои 1.233 се смртни случаи регистрирани во последните 24 часа. Во истиот период детектирани се 39.924 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се искачи на 1.966.748.

Државата Сао Паоло со популација од околу 46 милиони жители, која во исто време е центар на трговијата во Бразил, претставува најпогоден регион во земјата со 393.176 заразени со коронавирусот и 18.640 смртни случаи.

Бразил во исто време е втора земја во светот најпогодена од пандемијата на коронавирусот зад САД. Досега во оваа земја оздравеле 1.255.564 заразени.

Бразил со население од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот скептичен однос кон пандемијата, соопшти дека е позитивен на коронавирусот.

Бразил, според бројката на смртни случаи, ја остави зад себе Велика Британија и се наоѓа на второто место во светот по САД, според бројката на заразени и смртни случаи предизвикани од Ковид-19.

Институтот за географија и статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.


- Во Мексико починаа 36.906 лица од последици предизвикани од коронавирусот

Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 579 лица како последица на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 36.906.

Во истиот период се детектирани 6.149 нови случаи на заразеност, со што вкупната бројка се зголеми на 317.635.

Досега во Мексико оздравеа 199.129 лица заразени кои биле позитивни на коронавирусот.


- Бројката на смртни случаи во Индија се зголеми на 24.915

Според информациите што ги објави индиското Министерство за здравство, во последните 24 часа во земјата починале 606 лица од последици предизвикани од Ковид-19, вкупно 24.915 досега.

Во последните 24 часа се детектирани 32.965 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 968.876.

Досега во Индија оздравеа 612.814 заразен со Ковид-19.

Според информациите објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со коронавирусот во земјите од светот, Индија е трета земја на светско ниво според бројот на детектирани лица заразени со Ковид-19.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın